По раскинувањето со Џад Лоу, Сиена се зближила со колегата од театарот Џо Армстронг, а се зборува дека токму тој бил причина за раскинувањето иако портпаролот на Сиена оваа гласина ја негирал. Сепак, откако парот раскинал, Сиена вистинска утеха побарала на рамото на британскиот актер Том Стариџ, а се зборува дека нивната врска добила романтичен тек. Инаку актерката го познавала Том, најдобриот пријател на Роберт Патисон, повеќе години.
Том и Сиена биле видени како се бакнуваат во бар минатата седмица. Претходно биле блиски пријатели, но кога Сиена се преселила во Њујорк и се смирила со Џад Лоу минатата година, нивниот однос заладел. Од скоро се повторно во контакт и по се изгледа дека врската со Џад е конечно готова.