Актерката Сиена Милер која од март е во врска со актерот Том Стариџ, се вселува во нивниот нов дома, куќа од 3,3 милиони евра во Лондон. “Dejli Miror” пренесува дека атрактивната актерка уплатила депозит за куќата и дека го поканила момчето со кое е во врска пет месеци да се всели кај неа.
Неименуван извор рекол дека ова била куќа на нејзините соништа и дека едвај чекала да се всели во неа. Додал дека некои мислат дека пет месеци е краток период за една врска, но Сиена била отворена за љубов. Претходно за Том Стариџ медиумите пишувале дека е само рамо за плачење на Сиена по нејзиното раскинување со вереникот Џад Лоу.