Минатата година Сиена Милер била многу зафатена, родила бебе и снимила пет различни филмови, а една година подоцна еден од нив, „Just Like A Woman” на францускиот режисер Рашид Бушареб ќе има своја премиера во петок на 5 јули. Судејќи според една од сцените објавени на интернет, станува збор за длабоко сензуална приказна бидејќи и Сиена и Голшифте Фарахани се зближуваат на капење во градници и капри пантолончиња.

Тие две играат жени на кои заедничка им е љубовта кон стомачниот танц, па одлучуваат да побегнат од монотоните животи и да тргнат на патување за самооткривање. Сиена е рецепционерка во една компанија за поправање компјутери, додека Фарахани толкува лик на емигрантка од Северна Африка која со семејството води мини маркет во Чикаго. Како современите верзии на Телма и Луиз, пријателството помеѓу нив две покажува дека иако се од различни светови, тие имаат исти емоции и проблеми како и секоја друга жена и мајка.