Актерката била уверена дека Џад Лоу се поправил и дека нема повеќе да ја лаже со други жени. Го запознала на снимањето на филмот „Алфи“ и потоа биле три години во врска. Прекинале бидејќи тој ја изневерил со друга жена, но неодамна ја обновиле својата љубов на Карибите.


Пријателите на Сиена тврдат дека таа е убедена дека овој пат врската ќе им успее и дека Џад нема повеќе да ја изневерува. За тоа е потврда и фактот што својата куќа во Лондон ја ставила на продажба и се преселила во домот на Џад.