Бритаснкиот актерски пар Сиена Милер и Џад Ло ја раскинале веридбата и тоа по втор пат. Иако планирале за време на следново лето да се венчаат, и неодамна купиле заедничка куќа во Лондон, тие решила да стават точка на својата повеќегодишна врска. Портпаролот на парот изјавил дека и официјално може да потврди дека тие повеќе не се во врска. Сиена и Џад за време на својата врска која траела од 2003 година повеќе пати раскинувале и повторно се миреле.


Меѓутоа, како што тврдат некои пријатели на парот, раскинувањето било неминовно, бидејќи тие двајца просто се оддалечиле, но и додале дека ќе останат добри пријатели. Иако првиот пат раскинале поради неверство на Џад, овој пат не се спомнува причината за раскинувањето. Ло има три деца од бракот со дизајнерката Сејди Фрост, а 2009 година добил и ќерка со американската аманекенка саманта Барк, со која бил во врска само за една ноќ.