Актерката Сиена Милер конечно излегла од медиумската илегала и на еден свечен настан во Њујорк го покажала својот труднички стомак. Таа се појавила на приемот “Changing Face of Beauty” во припиен црн долг фустан кој го истакнувал нејзиниот стомак. Актерката блескала од среќа бидејќи наводно пред Божик се верила со Том Стариџ со кој го чека своето прво дете.
Меѓутоа, актерката на приемот се појавила без својата посилна половина. Портпаролот на Сиена сеуште не сакал да дава изјави за приватниот живот на својот клиент. Но, едно е сигурно, Сиена уживала во припремите за улогата на мајка и би требало да се породи во јули.