Британската актерка Сиена Милер е бремена и го чека своето прво дете со актерот Том Стариџ, јавиле американските медиуми повикувајќи се на извор близок на парот. Празниците ги минале заедно во Париз, по што радосната вест ја соопштиле во Лондон. Сепак, парот засега нема намера да влезе во брак.
Претставникот за медиумите на Стариџ одбил да ја потврди веста, наведувајќи дека никогаш не го коментира приватниот живот на својот клиент. Сиена е во врска со Стариџ од февруари минатата година, по раскинувањето на веридбата со својот долгогодишен партнер Џад Лоу.