Престанокот на напојување со струја во Сиднеј предизвика вистински хаос, улиците биле преплавени со автомобили бидејќи не работеле семафорите, а многу луѓе останале заглавени во лифтовите. Дефектот кој го парализира најголемиот град во Австралија бил отстранет после два часа.
Медиумите претходно известиле дека познатата Опера Хаус ги откажала претставите. Без струја останале околу 70 илјади домови и канцеларии, а службата за вонредни состојби примила десетици повици за помош на луѓе кои биле заглавени во лифтови.