Бројот на заболените од сида во Македонија драстично се зголемува, предупредува Весна Велиќ Стефановска, национален координатор за ХИВ и сида.

Стефановска, како што јави Радиото Слободна Европа, тврди дека повеќе од две третини од новозаразените се мажи.

„Во јуни 2007 година вкупниот број на заразените и болните од сида е 101 лице. Во споредба со крајот на минатата година има повеќе заразени со сида во Македонија. Две третини од регистрираните во 2007 година се млади луѓе на возраст меѓу 20 и 39 години“, вели Стефановска.

Во Македонија до сега од оваа неизлечива болест починале 53 лица.

ohridnews