Околу 20 средношколци од Охрид, Ресен и Струга од утре до 20 февруари ќе се едуцираат како да се заштитат од пороците на кои се изложени секојдневно.
Во хотелот „Коцаре“ во Охрид ќе се обработуваат теми поврзани со никотинизмот, алкохолизмот, наркоманијата, ХИВ/СИДА, хепатит Б и други сексуално преносливи болести.
Учесниците ќе можат преку интерактивни работилници да ги надминат стереотипите и предрасудите и да стекнат меѓусебна доверба. Едукацијата ќе ја спроведуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, невладината организација „Опција“, Дневниот центар за работа со корисници на дрога и тим од младинскиот совет.
Проектот носи наслов СИДА ДРОГА СЕКС И РОК ЕНД РОЛ а го реализира Младински совет на Охрид со финансиски средства од Владата на Македонија.
Ohridnews