Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица времето ќе биде променливо и студено. Утринските температури ќе бидат во интервал од -15 до -6, а дневните на повеќе места во текот на целиот ден ќе се задржат под нула, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Благо покачување на дневните температури ќе има во недела кога се очекува да бидат во интервал од -3 до 6 степени, а ќе има и повремен слаб снег.

OhridNews