Двајца пијани жители на Австралија добиле неверојатна идеја, да пукаат еден во друг со воздушна пушка, бидејќи не можеле да се усогласат за тоа колкава е болката при ваква повреда. Сега се наоѓаат во болница каде се опоравуваат од повредите. Од полицијата соопштиле дека се запознати со настанот, но сеуште не разговарале со лицата.
Тие пиеле алкохол во станот на едниот од нив, а потоа започнале расправија за тоа колкава е болката при истрел од воздушна пушка. Бидејќи никако не можеле да се усогласат, дошле на идеја да пробаат и да се уверат. Откако размениле по неколку дијаболи повикале брза помош.