Ахмад Мохамад Иса од Малезија објавил дека пронашол партнерка која од него е помлада „само“ 28 години. Старецот на почетокот на минатата седмица за весникот „Утусан Малезија“ изјавил дека сака да најде партнерка која би му готвела и која би се грижела за него. Написот во весникот го прочитала Сана Ахмад, која има 82 години, вдовица и мајка на девет деца. Рекла дека е спремна да се грижи за Ахмад и веднаш го контактирала неговото семејство за што поскоро да се сретнат.


Ахмад рекол дека не му е важно која е жената се додека добро готви. Бил осамен и му било неподносливо да спие во празен кревет. Бил оженет пет пати. Четири од сопругите му починале, додека од петтата побарал развод. Идната сопруга рекла дека ја привлекол бидејќи ја потсетувал на нејзиниот покоен сопруг. Истакнала и дека и било интригантно тоа што го носат истото име.