Обезбедувањето на аеродромот во Барселона се посомневало во преголемиот задник на еден од потенцијалните патници. Го одвеле на страна и го претресле. Под фармерките и боксериците носел рачно изработени пантолони во кои криел кокаин.
Му заплениле 6,6 килограми кокаин и го привеле во полициска станица. Не е познато од каде ја носел дрогата и каде планирал да ја пренесе.