Еден американец од Охајо си ја урнал куќата вредна 350 илјади долари со булдожер, за да не му биде одземена од банката. Со години водел битка со банката Риверхилс на која и должел пари за куќата, а имал проблеми и со американската даночна управа. Бидејќи не успеал да се договори со банката околу отплаќањето на долгот, едноставно со булдожер ја срамнил куќата со земја.
Вели дека не можел да поднесе банката да му ја одземе куќата. Потрошил многу пари на адвокати и на крајот од се му дошло преку глава. Пред две седмици седнал во булдожер и ја срушил куќата која се наоѓала во местото Москоу, 40 километри подалеку од Синсинати.