Јапонската полиција уапсила 51-годишен разнесувач на весници поради сомневање дека во караница за 2 милиони долари добиени на лото ја убил својата девојка.


До апсењето дошло по тригодишна истрага за исчезнатата Хисако Јошиде од нејзиниот дом во 2005 година, откако таа претходно освоила добивка на лото. Најверојатно таа ја криела добивката од сите освен од своето момче.

Тој го признал убиството, а полицијата, следејќи ги неговите упати, ги нашла посмртните остатоци од телото. Дел од парите ги искористил за враќање на долгови.