Џереми Бери (20), на полицијата им раскажал дека таткому му рекол дека господ наложил дека неговиот син мора да го смени полот и да му стане жена.

Џереми Рејмонд Бери признал дека го убил татка си бидејќи овој го силовал. Таткото Џек го убил со куршум во главата, му ја одрал кожата, му ја пресекол главата и екстремитетите и со нив ги нахранил којотите. Полицијата започнала потрага по Џек на 28 април, откако членови од неговата фамилија во градот Кортез, Колорадо, го пријавиле како исчезнат.


Покасно пронашле делови од неговото тело на различни локации, а некои биле забетонирани. Џереми на полицијата и раскажал дека како што рекол таткото, господ му наложил неговиот син да го смени полот и да му стане жена. За кратко време покасно, тврди дека го силовал, а имало и закани дека ќе го однесе во планина и таму ќе му биде негова партнерка. Наводно претел со негово убиство и на целата фамилија.

Џереми во тилот му испукал куршум, па со нож во грбот го избодел 199 пати. Го расекол со секира. Признал дека главата, рацете и нозете ги отсекол, а од остатокот од телото ја одрал кожата, а месото им го дал на којотите. Полицијата ја нашла и кантата со рацете и нозете која била залиена со бетон.