Откако две години залудно го преколнувал татко си да му дозволи да се ожени со сиромашна девојка, го загреал ножот и си го отсекол пенисот. Анонимното момче од Египет израснало во богато семејство во еден од најсиромашните региони во земјата.
Иако веднаш го пренеле во болница, лекарите не успеале да му ја спасат машкоста. Полицаецот кој дал изјава под услов да остане анонимен изјавил дека момчето се опоравува во болницата. Традиционално, во конзервативните делови на Египет, браковите се склопуваат помеѓу деца од слични социјални класи, а ретко од љубов.