Мартин Џарман пред 50 години го продал својот „Салмсон“ од 1934 година, кој го добил од својот татко за 21-от роденден. Го продал за да собере пари за својата свадба. Вели дека во 1958 година се заљубил во автомобилот на прв поглед, а неговиот татко му го купи за само 25 долари. Само три години подоцна Мартин го продал.
За жал бракот не траел долго, а автомобилот никогаш не го заборавил. Ја пронашол својата стара љубов и ја откупил за околу 10 илјади долари. Бојата била поинаква и чинел 500 пати повеќе од цената што ја платил неговиот татко. Последните 40 години бил во сопственост на некој човек од западен Сасекс. бил даден на продажба пред неколку месеци.