Додека познатиот водител од Си-Ен-Ен, Пирс Морган, разговарал со еден гостин за починатата пејачка Витни Хјустон, во позадина на екранот се појавила нејзина фотографија. Меѓутоа, се испоставило дека наместо фотографија од пејачката, тоа била фотографија од германски травестит.


Травеститот Икена Бени Амечи е од Брлин, а во една прилика изведувал песна од Витни Хјустон, а снимката се нашла на ЈуТјуб. Веројатно не го забележале насловот на видеото, па вработените од Си-Ен-Ен објавиле фотографија од тој настап.

– Седев дома и гледав телевизија, најпрво не забележав, но потоа бев шокиран!Тоа не беше Витни, тоа бев јас – раскажува Икена, кој оваа нумера ја изведува веќе 21 година.