Ден О’Лири од гратчето Келер во Тексас, работел пет години како градски менаџер, со уште двајца асистенти. Неодамна сватил дека на градот од 40 илјади жители, тројца градски менаџери едноставно не му се потребни, па постапил правилно и си врачил отказ самиот на себе.
Иако имал 57 години, Ден О’Лири заклучил дека претставува вишок и товар за градската управа. На крајот истакнал дека сеуште се чувствува младо, и дека не планира да оди во пензија, туку да бара друго работно место.