Мора да се избориме Охридското Езеро и екосистемот околу него да бидат заштитени и зачувани онака како што ни ги дала природата, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова при посетата на ЈНУ Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Институцијата која догодина ќе одбележи 90 години од формирањето, а која се грижи за одржување на балансот меѓу човекот и природата е потсетник за важноста за перманентна заштита на екосистемот на Охридското, Преспанското, Дојранското Езеро, но и на сите македонски, регионални и глобални еко системи, посочи Сиљановска Давкова.

Наша обврска е, додаде Сиљановска Давкова, да создадеме услови науката преку Хидробиолошкиот завод Охрид и другите институции да го спречат нарушувањето на животната средина околу едно од најстарите езера на светот и сите други природни убавини и заштитени подрачја.

OhridNews