Со помош на минихеликоптер на далечинско управување, помагачите им доставувале мобилни на затворениците во строго чуваниот бразилски затвор Пресиденте Вечеслау, 600 км од Сао Паоло. Уапсиле четворица луѓе кои кај себе имале мини играчка со 14 мобилни и полначи.
Апаратите биле во кошница на дното на хеликоптерот. Бандата признава дека добила пари за купување на мобилните и хеликоптерот, а после доставата требало да добијат и повеќе. Во овој затвор се наоѓаат најпознатите и најопасни припадници на организираниот криминал.