Мексиканската морнарица запленила повеќе од еден тон кокаин скриен во телата на 20 смрзнати ајкули. Во пристаништето Јукатан извршиле редовна контрола и со помош на рендген и кучиња сватиле дека станува збор за кокаин.
Одговорните на бродот тврделе дека станува збор за конзерванси. Поради притисокот на Мексиканската армија врз наркокартелите кои се обидуваат дрогата да ја прошверцуваат на север присилени се дрогата да ја кријат во религиозни предмети, намештаи, лименки пиво и слично.