Америкаснките цариници заплениле повеќе од 22 килограми марихуана скриена во надгробен споменик кој требало да биде транспортиран од Јамајка преку САД до Велика Британија. Дрогата ја открило куче при контролата на багажот на аеродромот во Синсинати. Полицијата сеуште трага по лицата кои се обиделе да ја прокриумчарат марихуаната од Кингстон во Лондон.
Вредноста на дрогата се проценува на околу 34 илјади фунти. Пакетот бил сокриен во споменикот, на кој било изрезбано името на 35-годишниот Делрој Сениор. На споменикот исто така пишувало „Твоето место никој не може да го замени“.