При претрес на патничко возило „Тојота Корола“ со скопски регистерски ознаки, извршен деновиве во кругот на полициската станица-Струга, пронајдени биле три пакети од спортски обувки „Адидас“ во кои имало тринаесет пакувања со непозната кафена прашкаста материја. Од страна на увидната екипа тие биле предадени на полициските служби за борба со дрога.

Возилото било подигнато со влечна служба од паркинг-просторот пред станбените згради на улицата „Ристо Крле“ од Струга, по претходни сознанија дека е украдено. Полициската станица Струга презема мерки за расчистување на настанот, соопшти МВР.

ohridnews