Една 30-годишна жена од Тајланд била шокирана со откритието дека покрај 40-те пакетчиња кокаин во стомакот имала и дете. Чуварите на аеродромот во Франкфурт се посомневале дака нешто крие и ја одвеле на рендгенски преглед.
Полицијата веднаш ја одвела во болница каде ја оперирале за да ја извадат дрогата. Во текот на операцијата откриле дека таа е бремена. Сега та е во притвор, а портпаролот на аеродромот изјавил дека таа не знаела дека е бремена.