Минатиот месец канаѓанката Линд Бирд заминала во САД со својот автомобил. При рутинската контрола на границата, американските цариници темелно го претресле нејзиниот автомобил во кој пронашле едно киндер јајце. Тогаш започнале маките на оваа млада жена на која чоколадното јајце и било запленето како предмет на шверц. Киндер јајцата се производ кој во САД е забранет уште 1972 година. Властите во тоа време стравувале дека децата би можеле да се угушат со ситните играчки во него.
За разлика од САД каде забраната на овие чоколади е сеуште на сила, Канада нивниот увоз го либерализирала уште во 1975 година. Нејзините проблеми со киндер јајцето не биле тука завршени. Неколку дена подоцна добила допис на седум страници од американската царина која барала нејзина дозвола да се уништи чоколадното јајце. Помислила дека тоа шега, но од царината биле сосема сериозни. Минатата година американските цариници заплениле повеќе од 25 илјади киндер јајца.