Аеродромската полиција во Мајами уапсила еден човек кој се обидел да се качи на летот за Бразил со најлонски кеси полни со егзотични змии и желки сокриени во панталоните.


Портпаролот на транспортната служба за безбедност рекол дека човекот бил сопрен откако минал низ скенерите на меѓународниот аеродром во Мајами. Вработените во аеродромот на скенерот забележале најлонски кеси во кои имало седум змии и три желки во неговите пантолони.