Малезиските цариници откриле 160 змии и 814 желки, од кои некои припаѓале на еден заштитен вид. Шверцерите се обиделе да ги изнесат од земјата.
Цариниците во еден камион пронашле 160 царски кобри и 814 желки скриени во ранци под 2,3 тони лук кој требало да послужи за камуфлажа. Животните се одземени и пуштени во џунглата, а против шверцерите ќе биде покренато судско обвинение.