Едно момче го претресле на аеродромот во Осло откако цариниците во торбата му пронашле жива тарантула. Во вреќите залепени околу градите пронашле десет живи змии, а во кутиите околу неговите нозе уште 14 гуштери.


Момчето било колекционер на егзотични животни и легално ги купил во Данска. Меѓутоа увозот на влекачи во Норвешка бил забранет. Сите животни кои ги поседувал ги згрижила зоолошката градина во Осло.