Џорџ Вера (25) скоро два дена меѓу салото на стомакот криел пиштол додека полицајците го приведувале во два различни затвори во Тексас. Вера, кој има 227 килограми, го привеле поради пиратерија. Во затвор поминал цел ден, а утрото го префрлиле во друг затвор каде поминал уште 14 часа.


Пред целосно да му ги прегледаат телесните дупки и да го одведат под туш, сам признал дека носи пиштол. Претседателот на унијата на полицајци изјавил дека тие се тренирани на затворениците да им погледнат и под слоевите со сало, но и дека можеби до сега не се сретнале со некој кој ја имал големината на Вера.