Во двојна долна облека кај еден холандски патник, кој бил запрен и претресен поради сомнително однесување од цариниците на аеродромот Росамбо во Француска Гвајана, биле пронајдени повеќе од десет живи колибри, внимателно спакувани во специјален џеб од предната страна.


Секоја од малите птици, кои не биле под дејство на седативи, била претходно замотана во крпче прицврстено со леплива трака. Слободни им била само главите, а движењата им биле максимално ограничени. По апсењето било утврдено дека необичниот патник еднаш веќе бил осудуван поради сличнo криумчарење на мали егзотични суштества.