Полицијата уапсила еден бугарин кој во рачна торба шверцувал чивава од Бугарија преку Мадрид до Даблин, Ирска. На регуларната контрола на багажот во Ирска вработените под рендген зраците здогледале кученце, но помислиле дека станува збор за играчка.


Меѓутоа се воспоставило дека станува збор за вистинско куче. Тоа било малку уморно од долгото патување но било со добро здравје. Сега кучето го префрлиле во ветеринарна станица додека не се расчисти случајот.