Швепс, најстариот безалкохолен газиран освежителен пијалок на светот, го слави својот 230 роденден. Бил измислен во 1783 година од швајцарецот Јохан Јакоб Швеп, кој се досетил да го комерцијализира изумот со кој на водата и се додаваат меурчиња и така го створил првиот газиран пијалок достапен за сите. Оттогаш Швепс учестувал во бројни важни светски настани, како на големата светска изложба во Лондон во 1851 година. За потербите на изложбата била изградена огромна кристална палата, а на влезот во палатата посетителите биле дочекани од голема фонтана, во која течел Швепс. Фонтаната и денес и важен дел од визуелниот идентитет на пијалокот. Можеби веќе сте забележале, а доколку не, следниот пат кога ќе го дофатите своето шише Швепс, загледајте се во етиектата, и ќе го пронајдете симболот на фонтаната.
Својата најголема афирмација ја доживеал во 1936 година кога британскиот крал Едвард Осми го прогласил за официјален пијалок на кралското семејство. Швепс отсекогаш бил симбол на стил и оригиналност, интелегентен, елегантен, духовит, лесно ироничен, но секогаш позитивен и многу сикусен, токму како и лицата кои уживаат во него.