Повеќе од 30 проценти од швеѓанките повеќе сакаат трчање во природа отколку секс, е неочекуваниот резултат на анкетата спроведена во оваа земја. Во анкетата учествувале 1774 жени на возраст од 15 до 60 години. Една третина изјавиле дека најмногу од времето поминуваат на работа, а слободното време најмногу го трошат на трчање, па дури потоа на секс.
Според тврдењето на лекарите, трчањето во природа овозможува брзо задоволство во поголема мера од сексот. Шведска инаку е земја со најмал број на дебели луѓе во Европа, а статистиката покажува дека повеќе од 50 проценти од жените учествувале во аматерски трки.