Шведската полиција уапсила 64-годишна жена која крадела дневни весници, на кои, решавајќи крстозбори, заработила 10 000 шведски круни.

Госпоѓата крадела весници два пати неделно, во вторник и недела, па ги испраќала решенијата од крстозборот за кои добивала парични награди.


Кражбата на весниците ја забележал доставувачот кој добил бројни обвинувања за недостаток на примероци во доставата, па полицијата организирала раноутринска заседа. Госпоѓата ја следеле до нејзиниот стан во кој пронашле деведесеттина весници со исти датуми. Госпоѓата признала дека земала по десеттина примероци од многуте кои биле доставувани пред продавниците. Објаснила дека весниците ги крадела само поради наградните крстозбори.