Еден Швеѓанец, кој во дивина уловил 13 илјади птици, а неколку стотини држел затворени во својот дом, бил прогласен за виновен за суровост кон животните и бил казнет со 1,5 година затвор. Окружниот суд во местото Хидиксавал заклучил дека Пјер Јохансен користел незаконски мрежи за ловење птици, вклучувајќи утки, соколи, јастреби, врапци, фазани и многу други.
Јохансен го документирал секој од своите улови и ги ослободил повеќето од птиците, но неколку стотини од нив држел заклучени во кафези во својата гаража. Тој тврди дека сакал на птиците да им пружи засолниште за време на зимата и дека не сакал да им направи ништо лошо.