19-годишниот Бјорн Халвард Кнапски го освоил светското првенство во монопол во Лас Вегас откако го совладал својот противник во финалето. Ова било негово прво светско првенство и морал да победи три поранешни светски прваци за да ја освои титулата. Во последниот круг се борел против натпреварувачи од САД, Русија и Нов Зеланд.
На натпреварот имало вкупно 41 учесник од исто толку земји. Првото светсло првенство во монопол се одржало во 1973 година во Њу Јорк. Оттогаш титулите ги понесувале натпреварувачи од САД, Ирска, Сингапур, Италија, Нов Зеланд, Велика Британија, Јапонија, Холандија, Хонг Конг и Шпанија.