Како што пишуваат шведските медиуми мажот заглавил во снегот на 19-ти декември, а на екстремно ниските температутри кои во овие краишта се спуштаат и до -30 степени преживеал благодарение на вреќата за спиење на снег. Немал храна, па јадел само мраз и снег. Случајно го пронашол пар кој се возел со моторна санка.
Среќниот Швеѓанец бил пронајден во полусвесна состојба, исцрпен до крајни граници. Лекарите во клиниката каде бил хоспитализиран изјавиле дека тој е во сосема задоволителна здравствена состојба со оглед на тоа што го преживеал, додавајќи дека два месеци без храна е крајната граница на издржливост на човек.
Нејасно е како никој не го побарал „исчезнатиот“ Швеѓанец и како никој не го забележал завеаниот автомобил кој заглавил на работ од шумски пат.