Во рамки на одбележувањето на стогодишнината од смртта на најпознатиот шведски драматург Август Стриндберг, на фестивалот „Охридско лето“ вечерва театарот „Интима“ од Стокхолм ќе ја изведе  претставата „Госпоѓица Јулија“ во режија на познатата шведска актерка Ана Петерсон. Реализацијата на проектот е помогната од Амбасадата на Шведска во Македонија.
Сите три улоги во претставата ги толкува актерката  Ана Петерсон која ги толкува сите три лика во претставата.
Претставата ќе биде одиграна на малата сцена во Центарот за култура со чпочеток во 21 часот.
Претходно во Изложбениот салон на Центарот за култура со почеток од 19.30 часот ќе биде отворена тематска изложба „Мисли сам“, на која ќе бидат претставени фотографии и уметички дела, репродукции што ги направил големиот драматург Стриндберг, како негов своевиден уметнички експеримент.
OhridNews