Шведскиот филм „Брит Мари беше тука“ на кино репертоарот при Центарот за култура „Григор Прличев“. Кино проекции ќе има во среда (17.11.2021) и во четврток (18.11.2021) со почеток во 19.00 часот.
Филмот ја обработува приказната за 63 годишната Брит Мари која го напушта неверниот сопруг по 40 години брак и живот на посветена домаќинка. Вистински предизвик е да најде работа во малиот град Борг особено откако ќе ѝ кажат дека е досадна пасивно-агресивна тетка. Се вработува како тренер на детски фудбалски тим и така почнува нејзиното патување сочинето од тешки предизвици, борби, но и љубов.
Филмот „Брит Мари беше тука“ жанровски се класифицира како комедија – драма, а како режисер се потпишува Тува Новотни, а е базиран на бестселерот на Фредрик Бакман. Филмот трае 97 минути.
Проекцијата ќе се одвива согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика. Посетителите треба да прикажат сертификат за извршена имунизација со две дози вакцина против Ковид-19, или сертификат за прележан Ковид во последните 45 дрна од денот на оздравувањето. Сертификатите не се однесуваат за лица под 18 годишна возраст. Картите се по цена од 100 денари, информираат од НУЦК Григор Прличев.
OhridNews