Шведски политичар, кој сакал на социјалните мрежи да се пофали со својата нова тетоважа, случајно открил повеќе од што планирал. Ларс Охли, поранешен лидер на шведската Левичарска партија на друштвената мрежа Инстаграм поставил фотографија од птицата на фудбалскиот клуб Ливерпул истетовирана на ногата. Тоа што не забележал биле неговите гениталии кои се гледале во позадина.
Охли брзо реагирал и ја отстранил фотографијата од инстаграм, но тоа не ја запрела лавината од коментари по друштвените мрежи. Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билт, кој е член на ривалската партија, се пошегувал на следниов начин: „Честитам, конечно после сите овие години се проби во јавноста“. Охли џентлменски ги примил шегите на своја сметка велејќи дека во иднина ќе биде повнимателен.