Патувањето во Шведска е возвратна посета и реализација на започнатиот проект помеѓу охридските АМАК СП –Бофор и Стрмец со шведските клубови, во соработка со Шведската фондација Крал Густав петти.
Шведските инструкторки Ана Бертсе и Лин Џонсон кои се дел од проектот велат дека Македонија има потенцијал и млади таленти за едрењето да прерасне во еден од водечките спортови.
Шведска е светска веле-сила во едрење. Покрај тоа за “викинзите“ едрењето е фамилијарен спорт каде секој член од семејството има и своја едрилица.
Македонската едриличарска федерација, со цел развој на едрењето, во иднина ќе ги користи нивните искуства за начините на кој се станува инструктор по едрење.