На забавата во стилот на Џејмс Бонд, која шведската служба за безбедност ја организирала за своите вработени биле потрошени неверојатни $800,000 долари.

Откако јавноста дознала за оваа луксузна забава, шефот на тајната служба, Генералот Андрас Торнберг добил голем број на критики бидејќи оваа забава била организирана во период на рецесија.
Од службата имало само еден официјален одговор, а тоа бил дека забавата следела по многу тежок период за сите вработени во организацијата.