Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив.
Обвинителот Матс Лунгквист рече дека сè е внимателно документирано.
За време на истрагата на местото на злосторството што се спроведе во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно документирана. Анализата што сега е направена покажува траги од експлозив на неколку пронајдени странски предмети. Работата на напредна анализа продолжува со цел да се дојде до поцврсти заклучоци за инцидентот, рече тој.
Во соопштението понатаму се наведува дека „прелиминарната истрага е многу сложена и обемна“ и оти работата продолжува. Во документот не се споменуваат имињата на осомничените, а се поздравува соработката на властите во Шведска со оние во другите земји.
Соопштението завршува со тврдењето дека обвинителот во овој момент не може да даде повеќе информации.
OhridNews