Репрезентацијата на Шведска го освои првото место  на Светското јуниорско првенство во ракомет, откако во финалето што синоќа се одигра во Охрид ја победи  репрезентацијата на Германија со 31:29.

Германците на полувремето имаа пет гола предност, а на стартот на вториот дел дури седум, но младите шведски ракометари за пресврт се погрижија во последните 12 минути.

Во натпреварот за третото место репрезентацијата на Данска ја победи Хрватска со 27:26.

Македонската реперезентација го освои 10-то место откако во саботата во натпревар за пласман загуби од Русија  со 20:32.

ohridnews