Репрезентацијата на Шведска го освои трофејот на 15. Европско ракометно првенство кое изминатите две и пол недели се одржуваше во Унгарија и Словачка.

Шведска по рекорден петти пат европски ракометен шампион
Шведска по рекорден петти пат европски ракометен шампион

Швеѓаните синоќа во Будимпешта во неизвесен натпревар славеа победа со 27:26 со гол постигнат од пенал по истекот на 60. минута. Највисоката предност која ја имаше една од двете репрезентации во текот на финалето изнесуваше два гола.

На овој начин шведските ракометари се реваншираа за поразот во Загреб во финалето на ЕП 2018 година. За нив овој трофеј е прв по пауза од 20 години кога беа на европскиот трон.

Во предигра на големото финале, Данска ја победи Франција со 35:32 (по продолженија) и се закити со бронзениот медал.

Шведска е рекордер со освоени пет титули, Шпанија остана на двете од претходните две првенства.

Репрезентацијата на Данска, пак, го освои третото место на Европското ракометно првенство. Данците до бронзата дојдоа по победата во Будимпешта над Франција со 35:32 остварена по продолженија.

По основните 60 минути резултатот беше нерешен 29:29, а во дополнителните десет минути Данска постигна шест голови, Франција само три.

OhridNews
Фото: МИА