Шведска планира да изнајми чартер летови за да врати 80.000 мигранти кои биле одбиени за азил, јавуваат европските медиуми.

Министерот за внатрешни работи, Андерд Игеман за весникот Dagens Industri вели дека на најмалку 60.000, а веројатно 80.000 од 163.000 кои барале азил во Шведска минатата година им се одбиени барањата за азил, што значи  дека тие ќе бидат вратени или во нивните земји или во европската земја одговорна за тоа според правилата на ЕУ.

-Првиот чекор ќе биде да се вратат доброволно оние кои сакаат и да се овозможат најдобри услови за тоа. Но, ако тоа не функционира, ние ќе мора да ги вратиме на сила, Мислам дека ќе организираме повеќе чартер летови, особено во делот на Европа, вели Игеман.

Шведската влада се надева дека ќе направи договор со повеќе европски земји, особено со Германија, за условите за летање за враќање на барателите на азил. Исто така, се бара договор со земји како Авганистан и со Мароко.

Шведската влада согледала значителен ризик дека одбиените мигранти ќе се обидат да останат во земјата и без документи, па во однос на тоа ќе ангажира дополнителни 1.000 полицајци на границите.

OhridNews