Врховниот суд во Шведска одлучил дека дилерот на дрога, на кого му е украдена заработувачката од трговија со наркотици, има право на оштета од државата. Имено, двајца крадци провалиле во куќата на 44 годишниот дилер во западна Шведска и украле околу 20.000 евра. Крадците се пронајдени и обвинети за кражба.


После кражбата се открило дека жртвата се занимава со препродажба на хероин и е осуден на четири и пол години затвор и на депортација. Наспроти оваа пресуда, врховниот суд одлучил на дилерот да му се вратат украдените пари, иако биле заработени со нелегални активности.